Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНајчевска: Нови избори може под овие услови

Најчевска: Нови избори може под овие услови

ВМРО ДПМНЕ постојано бара нови избори, што за опозицијата не беше профатливо. Професорката Мирјана Најчевска на својот Фејсбук профил напиша минимум услови кои мора да бидат исполнети за да се одржат нови избори.

„Па може и нови избори.
Под услов: Собранието да донесе одлука за формирање на технократска Влада во која нема да има министри од политичките партии, доколку во МВР се направи драстична промена на раководството (посебно да се отстрани од било какви функции Чавков), да се распушти Уставниот суд и да бидат избрани девет нови уставни судии, да биде сменет Зврлевски и на негово место да биде донесен некој од тимот на СЈО (на пример Фатиме), да биде сменета целата ДИК и секако да биде смент Народниот правобранител. Ова може да создаде минимум услови за одржување на фер и демокератски избори“ – напиша професроката Најчевска.