Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНајчестите имиња на новороденчињата во Македонија за 2015 година

Најчестите имиња на новороденчињата во Македонија за 2015 година

Според податоците од Управата за водење на матични книги, Мила како женско и Јаков како машко име се најчестите имиња кои им биле давани на новороденчињата во Македонија за изминатава 2015 година. Други женски имиња со кои се крстеле бебињата се Сара, Лана, Михаела, Софија, Јана, Мелиса и Дарија, а кај момчињата преовладуваат Филип, Стефан, Даријан, Дамјан, Јован, Никола и Михаил. Податоците покажуваат и дека многу од родителите следат модерни трендови, па така стотина деца родени годинава добиле по две имиња.