Tuesday, Oct 17, 2017
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаНајбараниот убиец по две децении екстрадиран во Македонија

Најбараниот убиец по две децении екстрадиран во Македонија

Миле Хаџиски е најбараниот убиец во Македонија кој дури сега по 22 години ќе се соочи со правдата за свирепото убиство кое ги шокираше граѓаните во 90-титие. Хаџиски е осомничен за убиството на Мери Јошевска во нејзиниот стан. Девојката најпрво била давена, потоа удрена со кристален пепелник и 40 пати избодена со кујнски нож. Пред да му биде изречена затворска казна Хаџиски избега од државата.

Неговото криминално досие е преполно со кражи и дела против законот, а бил дел и од злогласената банда Пинк Пантер составена од крадци од екс ју републиките кои учествуваа во најспектакуларните кражби на накит. Хаџиски ќе биде екстрадиран од Франција.