Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеНајавено второ прскање против комарци за престојниов викенд

Најавено второ прскање против комарци за престојниов викенд

Викендов ќе се изврши второто прскање за оваа година против возрасни форми на комарци на подрачјето на главниот град, информираат од Град Скопје. Авионската дезинсекција ќе се одвива на 28-ми (сабота) и 29-ти мај (недела), во период од 5:30 до 10 часот. додека терестричната дезинсекција ќе се одвива во деновите од 29-ти мај до 2-ри јуни, односно од недела до четврток во периодот од 23 до 4 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.