Thursday, Apr 25, 2024
HomeАНТИСТРЕСЖуркиНајава за АЛО 2 – Екстра забава во скејт паркот во Охрид

Најава за АЛО 2 – Екстра забава во скејт паркот во Охрид

По успешната организација и реализација на минатогодишниот настан Алтернативно Лето Охрид (АЛО 1), и оваа година ЦИРО со огромно задоволство ви го претставува и ве поканува на најурбаниот настан во Охрид кој успешно ги спојува екстремиот спорт (скејт и БМХ) и алтернативната музика.

Алтернативно Лето Охрид 2 (АЛО 2) ќе се оддржи на 29-ти јули на скејт паркот во Охрид и ќе биде отворен во 17:00h со скејт и БМХ натпревар. Влезот е бесплатен. Наградите за скејтерите ги доделуваат Xmkd, PopCornSkate и DropIn, а и за скејтерите и за бајкерите ќе има и парични награди.

По завршувањето на скејт и БМХ натпреварот ќе следува одлична забава за натпреварувачите и присутните на отворено каде ќе настапат познати имиња од алтернативната сцена од Македонија и регионот. Оваа година од 20:00 – 02:00 часот по полноќ на фестивалот АЛО 2 учество ќе земат:

Локален демо бенд чие формирање директно е поддржано од локални артисти, Bad Contract и BC Generacija,The Author, Комунална Хигена, Hardfaced од Охрид, Last Hope и Piranha FTW (Бугарија), Zvezde Grajma и DJANS (Србија) и најдобриот DJ Goce (SAF).

Алтернативно Лето Охрид 2 е поддржано од програмата Цивика мобилитас.