Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНагради за велосипедистите покрај македонските убавини

Награди за велосипедистите покрај македонските убавини

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) организираат наградна игра под мотото „Македонија се сака на точак“. Наградната игра официјално почнува денеска и има за цел промоција на велосипедизмот и убавините на Република Македонија.

За да учествувате треба да испратите фотографија на Facebook каде возите велосипед во природа или покрај некоја знаменитост на нашата држава и секако да не се сликате сами додека возите бидејќи не е безбедно. Фотографиите може да ги испраќате на страната на РСПБСП на Facebook.

Изборот за највисоката парична награда, во вредност од 30.000 денари ќе биде наменета за најубавата фотографија, избрана од жири комисија составена од пет члена. Парични награди од 18.000 ден, 12.000 ден и 6.000 ден ќе бидат доделени на фотографиите кои ќе освојат најголем број на гласови/лајкови, a ќе се доделат и ваучери за престој во хотели низ Македонија.