HomeФЕР ПЛЕЈФудбалНајголемиот трансфер во јануари ќе изнесува 62 милиони фунти?!

Најголемиот трансфер во јануари ќе изнесува 62 милиони фунти?!

Летото е завршено, зимскиот трансфер период се приближува и многу клубови после почетокот на сезоната размислуваат што и како понатаму. Трансфер периодот е одамна завршен, клубовите мораат да продолжат со составените тимови, барем до јануари кога повторно започнува трансфер периодот. Многумина сметаат дека е прерано да се шпекулира уште од сега за зимо, но германските медиуми утрово пренесоа информација дека Дракслер е фудбал кој сигурно во јануари ќе го напушти клубот.

Зошто токму тој?

Волфзбург не е во добра форма, а тој е единствената светла точка во тимот. „Волците“ успеаја да победат на само еден натпревар уште од стартот на шампионатот, а неговото незадоволство е се поголемо. „Имаше доста шпекулации за во јануари, некои од нив беа точни, некои не. Ќе ги има уште во јануари“, изјави Дракслер. Тој не е задоволен што не му беше дозволено да си замине ова лето, па повторно ќе побара трансфер на зима, посебно доколку клубот не влезе во подобра форма.

Заинтересирани клубови има, тука се Арсенал, ПСЖ и Јувентус кој се споменуваше веќе две години. Тој има откупна клаузула од 62 милиони фунти, како и договор до 2020 година што му дава предност единствено на Волфзбург. Останува да видиме што ќе се случи на зима.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com