HomeФЕР ПЛЕЈФудбалНајголемата трансфер желба на Мурињо посакува трансфер во Арсенал?!

Најголемата трансфер желба на Мурињо посакува трансфер во Арсенал?!

e0336596-640485689020160314124320

Не е никаква тајна дека Жозе Мурињо планира да ја засили последната дефанзивна линија во тимот и дека Давид Алаба е негова најголема трансфер желба. Меѓутоа, според извори од локалните медиуми во Манчестер, Алаба воопшто нема намера да го избере Јунајтед или пак Сити, туку Арсенал би бил негов избор од англиските клубови кои се заинтересирани за неговите услуги. Наводно, Алаба е симпатизер на Арсенал и доколку би требало да избере клуб од Премиер лигата тој би се одлучил за „Топџиите“.

Неговата цена на пазарот изнесува околу 50 милиони евра, а знаејќи го фактот дека Давид Алаба важи за еден од најдобрите леви бекови на денешницата, нема сомнение дека клубовите ќе бидат подготвени да ја платат оваа сума на пари. Според шпекулациите доколку Мурињо не успее да го доведе Алаба своето внимание ќе го сврти кон Виктор Линделоф, кој е втор на списокот на желби на Португалецот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com