Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаНадзорник во Идризово продавал марихуана на затворениците

Надзорник во Идризово продавал марихуана на затворениците

Надзорник во КПУ Идризово заработи кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Прво му нашле едно мало пакетче кое го носел со себе на работното место, а по претресот на неговиот дом полицијата пронашла и поголема количина марихуана.

– На 28.01.2016 година при редовна контрола и личен претрес на лицето вработено како надзорник во КПУ Идризово, во неговите лични работи пронајдено е топчесто пакување налепено со селотејп трака за кое при вештачењето е утврдено дека се работи за марихуана. При извршениот претрес во домот на осомничениот покрај количество на марихуана, пронајдени се и 9 парчиња на муниција, соопштуваат од ОЈО. Надзорникот се наоѓа во 30 дневен притвор.