HomeДЕНЕШНАПолитикаНајдоцна до недела на полноќ ДИК треба да ги потврди листите

Најдоцна до недела на полноќ ДИК треба да ги потврди листите

дик 2

Државната изборна комисија најдоцна до недела на полноќ треба да ги разгледа и да ги потврди листите за пратеници што партиите ги доставија за претстојните парламентарни избори, закажани за 11 декември, односно 48 часа од доставувањето на листите.

Во случај членовите на ДИК да констатираат неправилности, учесниците во изборите треба да ги отстранат во рок од 48 часа. Ждрепката за редоследот на избирачкото ливче ќе се одржи на 20 ноември.

Покрај пријавувањето на листите, на полноќ истече и рокот за пријавување државјани на Република Македонија кои живеат во странство за гласање на изборите, но и за лицата со спорни записи и увидот во избирачкиот список.

Од Комисијата соопштија дека се поднесени 20.293 пријави од државјани на Република Македонија кои живеат во странство за гласање на изборите, од кои се прифатени 18.706. Најмногу пријави, како што соопштија од ДИК, има од Берн, Детроит и од Венеција, од каде е и носителот на листа на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Рамазан Мифтароски.

Извор: meta.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com