Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисНадал се извлече против Росол

Надал се извлече против Росол

Рафаел Надал се пласираше во второто коло од турнирот во Базел после драматичната победа над Росол со 1:6, 7:5, 7:6.

Шпанецот и покрај победата повторно играше во бледо издание, убедливо го загуби првиот сет, а малку недостигаше да го загуби и вториот.

Росол во вториот сет направи ран брејк, кој го држеше до крајот на сетот кога сервираше за победа, но сепак не успеа. Надал ги доби последните три гејма во вториот сет и успеа да се избори за трет.

Иако Надал тргна подобро во третиот сет правејќи брејк уште на почетокот, сепак Росол се врати, па Надал успеа да дојде до оваа победа дури по тај брејкот кој заврши 7:4 за Шпанецот.

Негов нареден противник во Базел ќе биде подобриот од натпреварот помеѓу Стаховски и Димитров.