Thursday, Apr 18, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисНадал: Ѓоковиќ прави работи кои досега ниту еден тенисер ги нема направено

Надал: Ѓоковиќ прави работи кои досега ниту еден тенисер ги нема направено

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал истакна дека е почестен што е дел од ривалството со играчи како што се Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер. Српскиот, Шпанскиот и Швајцарскиот тенисер според многумина, ја сочинуваат заедно најдобрата генерација во историјата на овој спорт. Ѓоковиќ на завршниот турнир во Лондон успеа да изедначи на 23:23 со Надал, а потоа и 22:22 со Федерер. ,,Секое ривалство е различно. Знам дека Новак е неверојатен играч. Тој прави работи кои никогаш порано никој ги нема направено. Роџер Федерер е посебен бидејќи комбинира различни стилови на игра. Што се однесува до Ѓоковиќ мислам дека неговиот стил не е многу различен од мојот. Уживам во двете ривалства, среќен сум што сум дел од тоа”, изјави Надал. Тој додаде дека незнае дали во иднина ќе успее да освои уште некој Грен Слем. ,,Сезоната која помина не беше најдобра за мене, но завршив на петото место во светот. Се надевам дека ќе бидам спремен и ќе можам од следната сезона да играм на највисоко ниво. Незнам дали ќе освојам уште некој Грен Слем. Напорно работам за да го остварам тоа”, истакна Надал.