Sunday, Sep 24, 2017
HomeФЕР ПЛЕЈТенисНадал: ,,Ѓоковиќ е главен предизвик”

Надал: ,,Ѓоковиќ е главен предизвик”

Рафаел Надал смета дека сезоната која помина била најтешка во неговата кариера, но и дека не е сепак толку страшно бидејќи тој се наоѓа на петата позиција на ATP листата, а не на 100 позиција.

Шпанецот во 2015 освои три ATP турнири, но Грен слемовите беа негова послаба точка каде на Аустралиан Опен и Ролан Гарос успеа да стигне само до четвртфиналето.

,,Годината не започна најдобро, а кога немаш контрола над своите чувства едноставно неможеш да ги пренесеш вистинските емоции од тренинг на натпреварите. Крајот на сезоната го дочекав со нова енергија за која се надевам дека ќе ми помогне следната да ја започнам подобро”, изјави Надал.

Во текот на сезоната кружеа шпекулации за нарушениот однос на Надал и неговиот тренер и чичко, Тони Надал.

,,Оваа година јас бев проблемот, Тони не е крив. Секогаш луѓето кривицата ја фрлаат врз оние кои се најблиску до нив, но јас не сум таков сакам да бидам самокритичен. Проблемот не беше во тренерите туку во мене, но со нивна помош успеав да дојдам до решенито”, вели Надал.

Шпанецот исто така истакна дека многу добро е свесен кој е моментално ,,крал на тенисот”.

,,Постои тенисер кој сега освојува се. Играчот кој сите сакаат да го победат е Новак Ѓоковиќ, тој е главен предизвик”, заклучи Надал.