Thursday, Apr 18, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисНадал: Ѓоковиќ е неверојатен, многу е тешко да го победите

Надал: Ѓоковиќ е неверојатен, многу е тешко да го победите

Рафаел Надал повторно потврди дека Ѓоковиќ игра на неверојатно ниво. „Мислам дека Ѓоковиќ игра на неверојатно ниво и моментално е многу тешко да го победите. Сепак јас не треба да размислувам за него, туку само за себе и околу тоа што треба да направам за да се најдам на највисоко можно ниво“, изјави Надал. Додавајќи дека за неговата игра е најважно да има добар форхенд удар. „Мој најважен удар е форхендот. Бекхендот е исто така важен сегмент. Во Буенос Ариес мојот бекхнед беше лош, па ќе се обидам во иднина да го подобрам“, истакна шпанскиот тенисер, кој до сега во својата професионална кариера како тенисер има освоено 14 Грем Слеми.