Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНад сто исламисти убиени во воздушен напад во Сирија

Над сто исламисти убиени во воздушен напад во Сирија

Во водушните напади на коалицијата предводена од САД и гранатирањето на турската артилертија во Сирија загинаа 104 борци на Исламска држава, јави турската новинска агенција Анадолија.

Во соопштението се наведува дека нападите се случиле доцна синоќа, неколку часа откако испалени ракети од Сирија го погодиле југот на Турција и раниле пет лица.

Во воздушните и артилериските напади биле уништени седум објекти кои Исламска држава ги користи како седиште.

Годинава, во нападите врз Килис во Турција убиени се 21 лице, а ранети неколку десетици цивили.