HomeДЕНЕШНАСветНад 60.000 луѓе добиле отказ во Турција поради вмешаност во државниот удар

Над 60.000 луѓе добиле отказ во Турција поради вмешаност во државниот удар

Повеќе од 60.000 луѓе добиле отказ под сомнение дека се поврзани со исламистичкиот проповедник Фетулах Ѓулен и поради евентуална вмешаност во обидот за воен удар на 15 јули, изјави денеска портпаролот на турскиот Парламент Ербај Кјуџет на средба со руски новинари, јави ТАСС.

Тој посочи дека отказ добиле судии, лекари, полицајци, учители, обвинители и други.

– Против некои од отпуштените се води истрага и еден дел од нив може да бидат уапсени, наведе Кјуџет.

Тој додаде дека од администрацијата на Парламентот отказ добиле 41 лице, а против 60 се води истрага.

МИА

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com