Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНад 600 милијарди долари одобри Сенатот на САД за Пентагон

Над 600 милијарди долари одобри Сенатот на САД за Пентагон

Американскиот Сенат усвои вчера нацрт-закон за финансирање на активностите на Пентагон за следната фискална година, која почнува од 1 октомври.

Законот предвидува финансирање од 602 милијарди долари и тој беше одобрен од 85 сенатори, а „против“ гласаа 13 сенатори.

Претседателот Барак Обама сепак има серија забелешки, пред се поради одредбите, кои ќе го отежнат затворањето на центарот за задржување на терористите Гвантанамо во Куба. Обама вети дека ќе го затвори Гвантанамо на почетокот на првиот мандат.

Претставничкиот дом усвои минатиот месец своја верзија на нацрт-законот за финансирање на активностите на Пентагон. Обама има забелешки и кон таа верзија.

Двата дома на Конгресот треба да ги обединат двете верзии во заеднички закон, при што предвид ќе бидат земени забелешките на Обама, пред тој да му биде испратен на потпишување.