Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНад 5000 мигранти добиле потврда од МВР

Над 5000 мигранти добиле потврда од МВР

Министерството за внатрешни работи издало потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на над 5.000 странски државјани.

Потврдите започнаа да се издават од 19.06.2015 година врз основа на измените на Законот за Азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија- 3.180, потоа Авганистан- 479, Ирак- 321, Пакистан- 250, Сомалија- 245, додека останатите се во помал број. Заради зголемениот притисок од илегални мигранти на јужната граница кон соседна Грција, МВР продолжува со засилените мерки за обезбедување на граничата линија.