HomeФЕР ПЛЕЈБоречки вештиниНад 50 боксери од 12 земји се борат за „Златниот Гонг“

Над 50 боксери од 12 земји се борат за „Златниот Гонг“

zlaten-gong

Денеска и утре во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“ се одржува 46-тото издание на меѓународната боксерска манифестација „Златен Гонг 2016“. Над 50-тина боксери од 12 земји се борат за „Златниот Гонг“. На годинашното издание учествуваат: Англија, Албанија, Босна и Херцеговина, Белгија, Словенија, Србија, Романија, Црна Гора, Холандија, Хрватска, Косово и домаќинот Македонија.

Македонски претставници се: Исак Сулејмани (-52 кг.), Алмир Нуришов (-56 кг.), Јасир Лама (-60 кг.), Лујзим Исмаили (-69 кг.), Гоце Јаневски и Бобан Илиевски (- 75 кг.)

Покрај најпрестижната награда „Златен Гонг“ која ќе му се додели на најдобриот боксер на турнирот, предвидени се и награди за: најдобар техничар, тренер, судија, како и за најдобар боксер од Македонија, односно најдобар странски боксер.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com