Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНад 250 рудари се повредени во судир со полицијата во Боливија

Над 250 рудари се повредени во судир со полицијата во Боливија

Најмалку 252 рудари се повредени, од кои осуммина потешко, при судири со полицијата за време на протест во боливискиот град Ла Пас, потврди претседателот на Националната федерација на рудари, Карлос Мамани.

Боливискиот министер за внатрешни работи, Карлос Ромеро, истакна дека во немирите се повредени најмалку 100 полицајци.

Судирите меѓу рударите и полицијата започнаа во средата, а првиот ден демонстрантите земаа како заложници неколкумина полицајци, кои следниот ден беа ослободени откако полицијата ослободи 85 уапсени рудари.

Демонстрантите блокираа и неколку автопатишта.