Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионНад 170 лица уапсени на фестивал во Пула поради злоупотреба на дрога

Над 170 лица уапсени на фестивал во Пула поради злоупотреба на дрога

За време на фестивалот „Дименжнс Хрватска 2015“, кој се одржи минатиот месец од 27-ми до 30-ти во градот Пула, хрватската полиција регистрирала дури 171 лице за кршење на законот за сузбивање на злоупотреба на дрога.

Полициските извештаи велат дека од уапсените, 148 лица се странци и 23 се хрватски државјани. Еден државјанин на Хрватска и двајца на Италија, пак, се осомничени за за неовластено производство и промет на дроги. Од истите луѓе се одземени 115 грама марихуана, 21 грам кетамин, 29 грама џоинти, 34 грама хашип, 29 грама МДМА, 53 екстази, 6 грама кокаин, 7 грама амфетамин, 14 ЛСД, 4 грама спид и 0,8 грама хероин.