Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНад 100 загинати во серија бомбашки напади во Сирија

Над 100 загинати во серија бомбашки напади во Сирија

Сириски активисти велат дека во серија бомбашки напади загинати се повеќе од 100 луѓе, во две упоришта на режимот на претседателот Башар ал – Асад.

Групата на Исламската држава ја презеде одговорноста за денешните напади.

Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Британија, соопшти дека градот Тартус на Средоземното Море бил погоден од три експлозии. Во градот се наоѓа мал руски пооморски објект.

Четири други експлозии го погодиле крајбрежниот град Јаблех.

Неколку од експлозиите биле предизвикани од бомбаши самоубијци.

Државната новинска агенција САНА пренесува дека бомбите погодиле автобуска станица во Тартус и објекти во Јаблех, вклучително и болница.

Двата града беа релативно изолирани од војните во Сирија во која од март 2011 година загинаа најмалку 270.000 луѓе