Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНад 100 повредени во вчерашните напади во Собранието

Над 100 повредени во вчерашните напади во Собранието

Според последните официјални информации кои ги сподели МВР со јавноста во вчерашните силни инциденти во и околу Собранието има над 100 повредени лица.

– Министерство за внатрешни работи информира дека безбедносната состојба во централното градско подрачје,  околу и во собранието е  нормализирана со воспоставување на нарушениот јавен ред и мир. Поради претходната севкупна безбедносна состојба МВР-СВР Скопје ќе преземе дополнителни мерки и активности со цел заштита на сигурноста на граѓаните, објектите и обезбедување стабилна и поволна безбедносна состојба.  До 23.30 часот во Градската општа болница 8-ми септември, Градска болница Св Климент Охридски и Клинички Центар лекарска помош побарале 70 граѓани, 22 полициски службеници и тројца  пратеници. Дополнително во Касарната Ѓорче Петров лекарска помош укажана е на уште седум лица. Во моментов во Собрание на  Р. Македонија  нема повеќе граѓани, а граѓаните кои протестираа се надвор oд собранието – стои во соопштението на МВР.