Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНачинот на плаќање на патарините во Македонија се модернизира

Начинот на плаќање на патарините во Македонија се модернизира

Започнаа градежните активности за изградба и инсталација на најнов, современ електронски систем за наплата на патарините низ цела Македонија. Првата патарина чија локација ќе се возобнови е наплатната рампа Романовце. Ова ќе придонесе за побрз проток на возила, намалување на застојот и ќе се зголеми ефикасноста на наплатата на патарините. Наплататата ќе се врши преку припејд или постпејт уреди и картички, при што намерата е целосно да се одбегне наплатата во готово.


„Започнуваме од патарината Романовце, бидејќи оваа наплатна станица е најтесно грло особено во летните месеци кога имаме зголемен прилив од странски граѓани кои минуваат транзит низ нашата земја. Предвидено е од пет ленти оваа наплатна рампа да ја проширме со десет ленти за поминување“, рече министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски.


Модернизацијата на патарините ќе ја врши Турски Аселсан, а целиот проект чини 18,7 милиони евра .