Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНачалникот на ДБК ќе остане само во куќен притвор

Началникот на ДБК ќе остане само во куќен притвор

Апелациониот суд ја одби жалбата на Специјалното јавно обвинителство како неоснована бидејќи веќе е искористена двостепената постапка за одлучување на Кривичниот совет и затоа Горан Грујевски, началник на петтата управа ќе излезе од притворот во истражниот затвор во Шутка и ќе остане во домашен притвор.

За останатите четворица осомничени допрва ќе се одредува дали и каква мерка на претпазливост ќе им биде изречена. Во случакот „Тврдина“ кој го покрена СЈО се води истрага дали началници во ДБК и екс министерот на МВР неовластено уништиле два системи за прислушкување и дека трагите за кривичното дело ги сокриле.