Thursday, Apr 25, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРЛитература„Набуко“ претставата од Верди вечерва во МОБ

„Набуко“ претставата од Верди вечерва во МОБ

 

Македонската опера и балет вечерва ќе ја изведе популарната опера „Набуко“ на Џузeпе Верди на која ќе настапи домашна солистичка екипа и еден гостин, претставата ќе започне во 20 часот.

Главните улоги ќе ги толкуваат: Ристе Велков, насловната улога, Павлина Новакова-Георгиев, улогата на Абигаила, Никола Стојчевски ќе настапи како Исмаел, Фенена ќе ја толкува Николина Јаневска, додека улогата на Захарие му е доверена на гостинот од Србија, Драгољуб Бајиќ.

Во останатите улоги ќе настапат, Диме Петров, Марија Наумовска и Зоран Даскаловски. Диригент е Иван Еминовиќ.

Инаку, „Набуко“ е едно од најпопуларните дела на Џузепе Верди, а воедно е омилено кај публиката.