HomeАЈНШТАЈНИЈАНајбрзиот хоризонтален летач на планетата е бразилско слепо глувче!

Најбрзиот хоризонтален летач на планетата е бразилско слепо глувче!

slepi-mis

Истражувачите од институтот за орнитологија „Макс Планет“ заклучиле дека врстата бразилско слепо глувче е најбрзиот хоризонтален летач на светот со брзина од 160 километри на час. Еден од луѓето кои учествувале во ова истражување, Камран Сафи, изјавил дека на почетокот никој во тимот не можел да верува кога ги добиле резултатите од мерењето. Сепак, кога ги провериле сватиле дека се точни.

Со неверојатна брзина од 160 километри на час воедно е и срушен претходниот рекорд кој го поставила истата врста. Пеесетите години од минатиот век научниците утврдиле дека нивната брзина е поголема од 100 километри на час. Научниците од институтот „Макс Планет“ и приклучиле на грбот радио трансмитери и користејќи мобилен примач на сигнали на дрон ја мереле нивната брзина.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com