HomeДЕНЕШНАРепубликаНајава за блокирани улици, дознајте каде да не се движите пред натпреварот Македонија-Израел

Најава за блокирани улици, дознајте каде да не се движите пред натпреварот Македонија-Израел

Поради одржување на фудбалскиот натпревар Македонија – Израел кој ќе се игра на Националната арена Филип Втори од МВР најавуваат посебен режим на сообраќајот поради движењето на навивачите.

СВР- Скопје информира дека од 16 часот ќе биде затворен за сообраќај дел од ул. „Аминта Трети“ и тоа на потегот од крстосницата со ул. „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“, па се до фудбалскиот стадион при што кон стадионот ќе се пропуштаат само возила со посебни пропусници.

Исто така во попладневните часови сообраќајната полиција ќе презема мерки за расчистување и дислоцирање на затекнатите возила на сообраќајниците и паркинг просторите околу стадионот. Во периодот по 17 часот во зависност од потребите и моменталните состојби и  интензитет на сообраќајот,  ќе се ограничи приодот на возилата уште од бул. „Илинден“, односно кон стадионот ќе се пропуштаат возила со посебни пропусници, односно селективното пропуштање ќе биде на крстосниците на бул. „Илинден“.

Од сообраќајната полиција апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а доколку дојдат на натпреварот со возила, за паркирање да ги користат околните дозволени паркинг простори.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com