Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмНа ѕвездата на „Glee“ му се заканува 40 години затвор?

На ѕвездата на „Glee“ му се заканува 40 години затвор?

Актерот Марк Салинг кон крајот на минатата година беше уапсен заради детска порнографија, а сега е и официјално обвинет, па му се заканува затворска казна од 40 години.

Ѕвездата на популарната серија „Glee“ е обвинет за гледање и поседување детска порнографија. Заради тоа триесет и тригодишниот глумец би можел да заврши во затвор и да добие казна од дури 40 години.

За првата точка од обвинението, користење Интернет за добивање содржини поврзани за детска порнографија, може да добие 20 години затвор. За втората точка од обвинението, поседување детска порнографија, исто така, уште 20 години затвор.

Тој беше уапсен кон крајот на минатата година, а на 3 јуни треба да му се соопшти пресудата.