Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНа зимување 1000 деца со социјален ризик

На зимување 1000 деца со социјален ризик

Министерството за труд и социјална политика го објави повикот за 2016-та за зимски одмор за децата кои доаѓаат од семејствата корисници на социјална и постојана парична помош, децата коишто се со пречки во развојот, деца чии родители се корисници на посебен додаток и децата без родители и родителска грижа.

„Овој проект го реализираме од 2012 година па наваму, додека правото на бесплатен летен и зимски одмор можеа да го искористат околу 11.000 деца од ранливите категории. Веќе започнуваме со реализација на проектот за бесплатен зимски одмор за 2016 година, односно од денеска, во наредните 14 дена сите заинтересирани може да аплицираат на јавниот повик којшто денеска го објавуваме”, објасни Спасов.

Децата кои ќе бидат испратени ќе поминат 6 дена со 5 ноќевања во полн пансион, а ќе уживаат во убавините на Крушево.