Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНа возраст од 112 години почина најстариот маж во светот

На возраст од 112 години почина најстариот маж во светот

Јапонецот Сакари Момои повеќе не го држи рекордот за најстар маж во светот, откако во неделата во домот за стари лица каде што бил сместен му откажале бубрезите, соопштува претставникот на градот Саитам а воедно и местото каде што живеел овој дедо.

Поранешниот професор, роден на 5 февруари 1903. година, беше прогласен за најстар маж во светот во 2014. година, со свечена церемонија организирана од Гинисовата книга на рекорди.

По неговата смрт, рекордот повторно го зазема Јапонец, овој пат Јасутаро Коиде, кој исто така има 112 години.