Thursday, Apr 25, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРЛитература„На Ти со Ана Јовковска“ денес во клуб Матица

„На Ти со Ана Јовковска“ денес во клуб Матица

Книгата „Пулсот и времето“ доживеа вистински успех кај сите читатели и обожаватели на убавиот збор и длабочината на психологијата на човекот. Поради таа причина, клуб Матица организира дружење со новинарката Ана Јовковска и потпишување на книгата, денес 2-ри јули во период од 18 до 20 часот.

Како рецезенти на книгата се јавуваат проф. Елизабета Шелева, проф. Ферид Мухиќ, проф. Венко Андоновски, Никола Ристановски, проф. Александар Прокопиев и Дејан Дуковски.

Севкупните впечатоци на Јовковска се кратки и јасни: „Најубавиот дел од процесот е да учиш како на луѓето да им читаш од очите, наместо од зборовите. Јас бев нивното огледало, а тие моето“.