Friday, Mar 29, 2024
HomeГОВОРНИЦАСтавНа Србите им се случува македонско сценарио: Протести и пропаганда

На Србите им се случува македонско сценарио: Протести и пропаганда

Се чини македонското сценарио, со кое Вучиќ ги плашеше своите граѓани, почна да се случува. Во Белград, Нови Сад, Ниш, Крагујевац, Чачак, Лесковац, Зрењанин, Бор, Сомбор, Узице и Краљево вчера, втор ден по ред се одржаа масовни протести, на кои повеќето беа млади го изразија незадоволството од резултатите од претседателските избори на кои убедливо победи актуелниот премиер Александар Вучиќ. Со свирчиња и тапани се извикуваа пароли против Вучиќ, а учесниците повеќепати прошетаа од Собранието до Владата и назад.

Протестот на младите го поддршаа претседателските кандидати Саша Јанковиќ, Бошко Обрадовиќ и Бели Прелетачевиќ, како и партијата Нова Србија на Велимир Илиќ. Сепак, тие апелираа до учесниците да не наседнуваат на провокации и мирно да протестираат. Вучиќ од Мостар порача дека Србија е демократска земја во која секој има право да биде несреќен поради изборните резултати и дека протестите се во ред, се додека се мирни.
protesti srbija
Во Нови Сад се собраа и контрапротестанти, кои „во име на мирот“ рекоа дека со песна ќе им докажуваат на своите сограѓани дека не се во право и дека изборите биле легитимни. Медиумите пак, со идентични наслови како оние кои се ширеа на македонските медиуми за време на Шарената револуција. Дел провладини кои шират пропаганда за тоа кои ги плаќа демонстрантите и дека тие се баграта на Сорос, додека дел од месиумите објективно ги пренесуваат протестите и ставовите на демонстрантите. Вчера, граѓаните на Нови Сад протестираа и пред зградата на РТВ – јавниот сервис на Војводина. Тие побараа од јавниот сервис во живо да ги пренесува протестите, односно да известува непристрасно и објективно, согласно новинарските професионални стандарди. РТВ не ја пренесе таа вест, туку „веста“ дека демонстрантите се обиделе да извршат упад во телевизијата. Нешто слично се случуваше и кај нас, кога демонстрантите побараа од МРТВ да биде сервис на граѓаните, а не сервис на една партија.

Македонското сценарио со кое Вучиќ ги плашеше своите граѓани, почна да се остварува. Вучиќ овој потег го научи од Груевски кои пречесто го споменуваше украинското сценарио. Досегашниот српски премиер научи многу од својот македонски колега, а помеѓу останатото и тоа – како да се остане на власт со години. За среќа нас не ни се случи украинското сценарио и граѓанската војна, но кај нашите соседи дефинитивно почна да се остварува македонското сценарио. Во Србија допрва почнува кризата.

Novi Sad, 4. aprila 2017 - Protest studenata u Novom Sadu. FOTO TANJUG / JAROSLAV PAP / bb

Novi Sad, 4. aprila 2017 – Protest studenata u Novom Sadu. FOTO TANJUG / JAROSLAV PAP / bb