Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНа специјалната обвинителка треба да и бидат овозможени средствата кои таа мисли дека и требаат

На специјалната обвинителка треба да и бидат овозможени средствата кои таа мисли дека и требаат

Џес Бејли, aмериканскиот амбасадор во земјава, смета дека na специјалната обвинителка Катица Јанева треба да и бидат овозможени сите потребни средства за нејзината работа, како и тимот кој таа го побара.

– Ќе напоменам дека 108 пратеници на Парламентот, четирите политички партии и Советот на обвинители ја избраа едногласно поради нејзиниот професионализам и правичност и мислам дека тие би сакале да и ги дадат средствата коишто таа смета дека и се неопходни за да ја спроведе нејзината важна работa, рече денеска Бејли.

Тој повтори дека Јанева потенцираше дека ќе започне да ја врши нејзината важна работа и ќе продолжи да се залага за обезбедување на потребниот персонал и ресурси коишто и се потребни. Во однос на преговорите кои се одвиваат помеѓу работните групи, амбасадорот на САД истакна дека има уште многу да се сработи, а времето е кратко.