Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионНа слаткарите во Хрватска им се забрани правење Дизни торти, казни и до 40 илјади евра

На слаткарите во Хрватска им се забрани правење Дизни торти, казни и до 40 илјади евра

Aдвокатите на фирмата „Фан кејк фактори“ издадоа забрани со кои на хрватските слаткари им се забранува да прават торти со слики од популарните цртани ликови на Дизни. Хрватскиот портал „Индекс“ пренесува дека казната за непочитување на забраната може да достигне и до 39.309 евра.

Томислав Љутиќ, директор на фирмата изјави дека само тие, како ексклузивни партнери со „Финсбори фуд груп“ кои поседуваат лиценца од Дизни, имаат право да продаваат слатки со истоимените цртани ликови.