Thursday, Apr 25, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимНа шала направил тест за бременост, испаднал позитивен!

На шала направил тест за бременост, испаднал позитивен!

Човекот по ник „goxilo“ на редит постирал како го искористил заборавениот тест за бременост од својата поранешна девојка кој неочекувано искочил позитивен!

Помеѓу многуте коментари на постот, неколку стоеле дека дечкото требало да се провери за тестикуларен канцер. Во коментарите неколку луѓе тврделе дека преку домашните тестови за бременост може да се открие тестикуларен канцер бидејќи хормонот „beta human chorionic gonadotropin“ кој може да се пронајде кај труднат жена исто така се појавувал кај мажите кои имаат тестикуларен канцер.


bremena

По неколку дена човекот по ник „goxilo“ потврдил дека по проверката на доктор му бил откриен тесикуларен канцер во рана фаза. Оваа шала му го спасила животот!