HomeГИГА БАЈТСмартфонНа Samsung му се брза со Galaxy S8, дали му се заканува нова катастрофа

На Samsung му се брза со Galaxy S8, дали му се заканува нова катастрофа

Samung е во голема паника по тоталниот неуспех на Galaxy Note 7 кој повеќе или помалку заслужено е прогласен за еден од најнебезбедните смартфони на пазарот со голем број на уреди кои се запалуваат и експлодираат. Затоа Samsung се брза што поскоро да го финишира Galaxy S8 и да го претстави на почетокот на 2017-та со цел да ги покрие загубите и скандалот што побрзо да се заборави.

Сепак, со ваквото брзање Samsung повторно се доведува во ризик Galaxy S8 да биде уред со одредени проблеми штом веќе снабдувањето со батерии е под знак прашалник, а прашање е и дали ќе понуди доволно иновации за да им се допадне на корисниците кои ќе треба одново да ја вратат довербата во брендот на Samsung.

Извор: telefoni.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com