Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеНа раб на инцидент: Под засилено обезбедување поставен камен темелник за крстот во Бутел

На раб на инцидент: Под засилено обезбедување поставен камен темелник за крстот во Бутел

Како што се очекуваше, тензична атмосфера во скопски Бутел. Под силно полициско обезбедување денеска беше поставен камен темелник за крст кој според најавите ќе биде готов за два месеца. Крстот е донација на Светскиот македонски конгрес. На настанот присуствуваа архиепископот г.г. Стефан и министри и градоначалници.

Симпатизери и членови на ДУИ претпладнето се собраа во знак на револт на поставувањето на крстот, но брзо се разотидоа. Тие беа собрани за да го блокираат осветувањето на крстот, но беа спречени од специјалните полициски сили кои од утринава беа распоредени на сите клучни локации во Бутел. Додека пак, христијанските верници кои се собраа да го проследат осветувањето, носеа знамиња на Вергина.

Жителите на оваа скопска општина велат дека поставувањето крст не е одговор на двоглавиот орел кој никна на кружниот тек. А истиот е и спорен поради нецелосната документација. Се наметнува прашањето кој и зошто се обидува да направи непотребна тензија со поставувањето верски симболи во Бутел.