Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионНа протест против сиромаштијата со попетици од 1.800 евра

На протест против сиромаштијата со попетици од 1.800 евра

Актуелната пратеничка од албанската опозициска Демократска партија и екс министерка за евоинтеграции, Мајлинда Брегу, на антивладниот протест во Тирана е видена со потпетици вредни 1.800 евра.
mejlinda
– Тоа не беа обични потпетици. Го носеа знакот на фирмата „Заноти“ а беа украсени со камчиња на Сваровски. Цената на вакви потпетици е 1.800 евра, јавува порталот Лапси, пренесува дописникот на МИА од Тирана.

Луксузните трошоци на Брегу често се тема во медиумите. Еден од многуте примери е и нејзиниот автомобил „јагуар“ за кого изјавила дека чини 60.000 евра. Таа протестираше против актуелната влада поради „големата сиромаштија во која ги втурнала граѓаните“.