HomeРЕФЛЕКТОРМузикаНа пролет нов албум и Европска турнеја на „Depeche mode“

На пролет нов албум и Европска турнеја на „Depeche mode“

На конференцијата одржана во Милано членовите на составот „Depeche mode“ откриле дека нивните обожаватели веќе на самиот почеток на следната година можат да очекуваат нови песни, како и тоа дека популарната група наскоро ќе тргне на Европска турнеја. Дејвид Ган и екипата изминатите години работеле на новите песни кои следната пролет ќе бидат објавени на албумот „Spirit“. Продуцент на албумот е Џејмс Форд, а песните биле снимени во Санта Барбара и Њујорк.

„Depeche mode“ следната година ќе настапуваат пред повеќе од милион и половина обожаватели ширум Европа. Големата турнеја „Global Spirit Tour“ ќе започне на 5 мај со концерт во Стокхолм, а музичкиот караван ќе пристигне и во Париз, Љубљана, Берлин, Лондон, Варшава Минск и други. Вкупно ќе бидат одржани 32 концерти во 21 земја.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com