Thursday, Apr 25, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈАКосмосНа прагот на неверојатно откритие на Плутон

На прагот на неверојатно откритие на Плутон

Можеби астрономите во 2006-та му го одземаа епитот „планета“ на Плутон, но тоа не ги спречи научниците на НАСА да ја лансираат една од најскапите мисии за испраќање на вселенско летало кое ќе патува до ова небесно тело за вршење на досега невидени истражувања.

pluto-high-res

Леталото „Нови хоризонти“ патуваше речиси девет години и за кратко ќе стигне до долгоочекуваната дестинација, орбитата на џуџестата планета Плутон, која има големина помала и од месечината. Плутон е најодалечената „планета“ од Сонцето, но има сопствен орбитарен систем со една голема месечина Чарон и уште четири помали сателити кои исто така ќе бидат истражувани.

Плутон е неистражен од 1989 година и мисијата на „Нови хоризонти“ за прв пат по толку долго време ќе добие информации за еден речиси целосно непознат свет, па научниците од НАСА со нетпрение чекаат да ги споделат откритијата со јавноста.