Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНа помош на македонско-грчката граница пристигнаа шест полициски службеници од Словенија

На помош на македонско-грчката граница пристигнаа шест полициски службеници од Словенија

На македонската гранична полиција утрово ѝ се придружија шест словенечки полициски службеници кои ќе ја покриваат полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Богородица“.


„Во работата покрај опремата и возилата, со кои вчера допатуваа од Словенија, ќе им помагаат и двете полициски кучиња Пан и Бојко.  Република Словенија во рамки на своите можности, одговори на барањето на Република Македонија за материјална и логистичка помош при справувањето со бегалската криза, која го зафати регионот“, соопштија од Амбасадата на Словенија во Скопје.


Службениците по потреба ќе помагаат и во регистрација на бегалците во привремениот транзитен центар „Гевгелија“.