Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНа полицајците ангажирани на протестите не им се плаќа за прекувремена работа, а спијат во касарни со недели

На полицајците ангажирани на протестите не им се плаќа за прекувремена работа, а спијат во касарни со недели

Независниот синдикат на полицијата бара МВР да запре со носење на, како што велат, несинхорнизирани акти и да ги исплати парите за изработените часови на Посебната единица за поддршка. Синдикатот бара на полициските склужбеници кои доаѓаат во Скопје последните месеци поради нивно ангажирање во протестите, да им се платат дополнителните работни часови. Од Синдикатот додаваат дека полицајците престојуваат во касарни со месеци а за тоа ја добиваат само редовната плата.

Гоце Делчев Тодев ги обвинува началниците во МВР за запоставување во нивната работа и од министерот за внатрешни работи бара да најде волја за надминување на овие прекршоци кои им се прават на полицајците.

Од МВР соопштија дека за забелешките на синдикатот ќе се произнесат во текот на следната недела.