Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНа Охрид му се заканува бришење на статусот во УНЕСКО

На Охрид му се заканува бришење на статусот во УНЕСКО

На седницата на Комитетот на УНЕСКО во Истанбул, Турција, за прв пат во официјален документ на светската организација е нотирано дека охридскиот регион се соочува со опасност да биде впишан во листата на загрозени подрачја, што е само чекор до губење на статусот на заштитено подрачје, објави еколошкото движење „Фронт 21/42, на стартот од кампањата Едно е!Вредно е! за зачувување на Охридскиот регион, единственото УНЕСКО подрачје во Македонија, која официјално започна од Охрид.

edno e vredno e

„Најмногу нас не иритира дека во очи на донесување на оваа одлука на УНЕСКО во моментот се завршува финалната фаза за измена на планот за Галичица што подразбира изградба на експресен пат, ски центар и три туристички зони меѓу кои и таа на Субрата Рој. Токму за тие три проекти најмногу забелешки се дадени од УНЕСКО, дека ќе ја нарушат визуелноста, тој драматичен пад на Галичица кон езерото поради што е прогласена за природно наследство на УНЕСКО, а ние си продолжуваме со спроведување на овие проекти“ изјави Александра Бујароска од невладината „Фронт 21/42“.

Кампањата Едно е!Вредно е! има за цел да ги запознае граѓаните и да ги повика на акција за целосно заштитување на природното богатство на Охридскиот регион и да се спречи голема штета со одземање на статусот од УНЕСКО што ќе има големи последици.

Извор: ohridnews.com