HomeДЕНЕШНАПолитикаНа митинг во работно време, злоупотреба на јавни ресурси, притисоци – Нерегуларности во предизборието

На митинг во работно време, злоупотреба на јавни ресурси, притисоци – Нерегуларности во предизборието

most

За само пет дена, од 15 октомври до 20 ноември, регистрирани се 43 случаи на непочитување на принципот на одвојување на државата од партијата. Присуство на фукционери и вработени во јавниот сектор на партиски настани во работно време. Општински сали, домови за култура и други јавни установи биле користени за одржување на партиски состаноци и собири на владејачката партија, велат од МОСТ.

МОСТ забележува притисоци врз вработените во јавниот сектор да посетуваат партиски митинзи на владејачката партија. Во 41 случај во 26 општини, на вработени во јавниот сектор им биле вршени притисоци да посетуваат партиски митинзи на владејачката партија, која исто така во седум случаи во пет општини правела притисоци за гласање или за обезбедување гласачи. Во седум случаи во шест општини било забележано злоупотреба на јавни ресурси, односно употреба на службени возила за партиски цели.

„Исто така загрижуваат случаите на противзаконско располагање со буџетски средства за време на избори. Регистриран е еден случај на започнување изградба на објект финансиран со јавни средства и девет случаи на одржување јавни настани по повод започнување изградба или пуштање во употреба на објекти финасирани од јавни средства“, вели Дарко Алексов, извршен директор на граѓанската организација „МОСТ.“

Тој посочи дека овие случаи содржат индиции за кривични дела, а доколку се докажат за нив е предвидена казна затвор од шест месеци до една година. МОСТ ќе ги достави сите извештаи до Комисијата за следење на изборни нерегуларности.

Организацијата апелира до граѓаните да ги пријават сите нерегуларности на бесплатниот телефонски број 080 080 080 или лично во просториите на „МОСТ.“

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com