Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСвет(Видео) На Клинтон и се слошило на одбележувањето на 11-ти септември – обезбедувањето ја однесе до возилото

(Видео) На Клинтон и се слошило на одбележувањето на 11-ти септември – обезбедувањето ја однесе до возилото

За време на одбележувањето на 15-годишнината од нападите на 11-ти септември, кандидатот за претседател на Демократската партија, Хилари Клинтон, ненадејно си заминала пред да заврши церемонијата, затоа што и станало премногу топло, а на трибините немало сенка, според портпаролот на нејзината кампања за претседател на САД. Вчера температурата во Њујорк достигна до 28-от степен Целзиусов.

Од аматерската снимка може да се забележи како Клинтон едвај се движи и се спрепнува на тротоарот а лица од обезбедувањето и помагаат да се качи во автомобилот.

Веќе неколку пати до сега, републиканскиот кандидат за претседател, Доналд Трамп, се обиде да го доведе во прашање здравјето на Клинтон. Трамп минатиот месец на Твитер ја истакна кашлицата на Клинтон и напиша дека обата кандидата треба да ги објават своите здравствени досиеја. Сепак, самиот Трамп досега јавно има издадено само мал дел од досието за неговото здравје.