Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионНа инцидентите во Егејско Море им нема крај, пронајдени уште две мртви детски тела

На инцидентите во Егејско Море им нема крај, пронајдени уште две мртви детски тела

Уште две деца загинаа во нов обид на мигранти кои со чамец се обидувале преку Егејското Море да стигнат до грчкиот брег. Весникот „Хуриет“ пренесува дека крајбрежната стража спасила петнаесетина лица откако чамецот во кој се преезувале се превртел во близина на Бодрум.

Во чамецот се наоѓале вкупно дваесетина лица, а меѓу спасените се наоѓало и 4-годишно девојче. Идентитетот и возраста на беспомошните тела е сѐ уште непознат.