Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАНа хрватско-српската граница заглавија стотина македонски камиони

На хрватско-српската граница заглавија стотина македонски камиони

Откако хрватските власти ги затворија граничните премини кон Србија, многу камиони, меѓу кои и македонските заглавија на истите. Колоната на заглавени камиони е долга 20 километри.

Блокадата значи отежнување на работата на македонските камионџии кои во овој период од годината имаат зголемен прилив на работа поради сезонскиот извоз на овошје и зеленчук во ЕУ.


„Во полн ек е извозот на грозје, пиперки и друго сезонско овошје. Се обдуваме во контакт со другите регионални асоцијации да им помогнеме на македонските превозници,  дел се испратени на унгарската граница каде им биде понудена и лекарска помош ако е потребна, изјави Билјана Муратовска, генерален секретар на Макамтранс.