Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНа Груевски не му пречи што сестринските партии го нарекуваат ФИРОМ

На Груевски не му пречи што сестринските партии го нарекуваат ФИРОМ

На конгресот на Европската народна партија (ЕПП) кој се одржува в среда и четврток на Малта, делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од партискиот претседател Никола Груевски, е најавена како партија „од ФИРОМ“. Тоа стои во списокот на партиите-учеснички објавен на веб-сајтот за годишниот конгрес на ЕПП – пренесува Мета.

Во него, на листата на придружни членки на ЕПП, е наведена и ВМРО-ДПМНЕ со пет делегати. Го прашавме портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски, дали се планира Груевски да реагира поради ваквото ословување од сестринските партии.

– Ние сме дел од ЕПП под референцата на која што се согласи СДСМ, со образложение дека истата немало да трае повеќе од неколку месеци. Ние како ВМРО-ДПМНЕ во секоја прилика укажуваме дека нашето уставно име е Република Македонија, но грешките и пропустите од минатото тешко се исправаат – одговори Котевски. Конгресот ќе се одржува во хотелот Интерконтинентал во гратчето Сент Џулијан.