Thursday, Apr 25, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтласНа Гренланд се топат 10 милијарди тони мраз во еден ден

На Гренланд се топат 10 милијарди тони мраз во еден ден

Рекордно високите температури на Гренланд доведоа снежниот покривач да се топи со забрзано темпо, јави Данскиот институт за метеорологија. Според нив, по десет кубни километри гренландски мраз се топат на ден.

Масата мраз на копното на ретко населениот остров Гренланд е значително помала од нормалното во ова време од годината, а минатата недела се топела со голема брзина.
– Топлото време има големо влијание врз топењето на копнениот мраз“, вели Петер Ланген, од Данскиот институт за метеорологија.

Се губат по 10 милијарди тони мраз во еден ден, што одговара на површина од десет кубни километри нова вода секој ден, што е близу до рекордот постаен во 2012 година. За два дена тоа лето се стопија 30 милијарди тони мраз.
– Топењето не било толку интензивно оваа година, но ако продолжи топлото време кумулативната маса мраз може значително да се намали“, додава Ланген.

Делови од Гренланд доживеаја рекордни температури во јули годинава. Така, на 8-ми јули, во севениот град Канак, измерена е највисоката температура на сите времиња за тој регион од 20,4 степени Целзиусови, цели 2,5 степени повеќе од претходниот рекорд поставен во 2012 година.
Гренланд е автономна и самостојна членка на Кралството Данска.

Со популација од 57.000 жители и со површина од 2,2 милиони квадратни километри е најголем и најмалку населен остров. Кралицата Маргарет и принцот Консорт Хенрик во моментот се во посета на Гренланд.